Велешките комуналци споделија фотографии како изгледа околината на езерото Младост по изминатиот викенд.
Расфрлан смет по патеките, околу клупите и летниковците, иако овој простор двапати беше чистен во последните две недели, тоа не се препознава. Од ЈКП „Дервен“ апелираат до излетниците за повисока свест и додаваат дека има доволно корпи за ѓубре.
„Само четири дена откако темелно беше исчистен теренот околу езерото Младост, денеска тој повторно е загаден со отпадоци. Несовесни посетители викендов зад себе оставиле лоша глетка. Да уживаме сите во природата, незагадена е поубава!“, велат од ЈКП „Дервен“.
Најавуваат дека деновиве повторно, вонредно, ќе го чистат теренот околу езерото.
П. ПЕЧКОВ