САМО ШТО БЕШЕ ИСЧИСТЕНО, ИЗЛЕТНИЦИТЕ ВИКЕНДОВ ОСТАВИЈА МНОГУ ЃУБРЕ ОКОЛУ ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ

    САМО ШТО БЕШЕ ИСЧИСТЕНО, ИЗЛЕТНИЦИТЕ ВИКЕНДОВ ОСТАВИЈА МНОГУ ЃУБРЕ ОКОЛУ ЕЗЕРОТО МЛАДОСТТеренот околу езерото двапати беше чистен во последните две недели, но ќе мора пак (Фото: СДК.МК)

    Велешките комуналци споделија фотографии како изгледа околината на езерото Младост по изминатиот викенд.

    Расфрлан смет по патеките, околу клупите и летниковците, иако овој простор двапати беше чистен во последните две недели, тоа не се препознава. Од ЈКП „Дервен“ апелираат до излетниците за повисока свест и додаваат дека има доволно корпи за ѓубре.

    „Само четири дена откако темелно беше исчистен теренот околу езерото Младост, денеска тој повторно е загаден со отпадоци. Несовесни посетители викендов зад себе оставиле лоша глетка. Да уживаме сите во природата, незагадена е поубава!“, велат од ЈКП „Дервен“.

    Најавуваат дека деновиве повторно, вонредно, ќе го чистат теренот околу езерото.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари