СДСМ ЌЕ ГО ИСКЛУЧИ ОД ПАРТИЈАTA СОВЕТНИКОТ РАДОСЛАВ ТРОШАНОВСКИ КОЈ ГЛАСАШЕ ЗА ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ ЌЕ ГО ИСКЛУЧИ ОД ПАРТИЈАTA СОВЕТНИКОТ РАДОСЛАВ ТРОШАНОВСКИ КОЈ ГЛАСАШЕ ЗА ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ ОД ВМРО-ДПМНЕПокрај Трошановски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ за изборот на Христо Саракинов гласаше и советникот на ГРОМ Зоран Краљевски, со што беа обезбедени 14 гласови „за“ и Саракинов беше избран за претседател на Советот на Општина Карпош; - Трошановски го потпишува уверението за советник на 13 ноември. (Фото: Општина Карпош)

    СДСМ ќе го исклучи од партијата Радослав Трошановски, кој е советник во Советот на Општина Карпош, оти гласаше за изборот на Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот на 13 ноември. На денешната седница на Извршниот одбор (ИО) донесена е одлука да се започне постапка за негово исклучување поради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата, соопшти СДСМ.

    „Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутот на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници. ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита”, велат од партијата.

    Покрај Трошановски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ за изборот на Христо Саракинов гласаше и советникот на ГРОМ Зоран Краљевски, со што беа обезбедени 14 гласови „за“ и Саракинов беше избран за претседател на Советот на Општина Карпош.

    ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство во Советот кој има 27 членови. ВМРО-ДПМНЕ има 11 советници, Коалицијата „Искуство за успех“, СДСМ и Левица имаат по 4 советници, независната граѓанска иницијатива „Независни за Карпош“ три советници и ЗНАМ има еден советник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира