СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ЈА ИСТЕПА ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА И ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

    СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ЈА ИСТЕПА ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА И ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦАОбвинетиот, според изјавите на семејството, подолго време ја тепал, малтретирал и ѝ се заканувал на девојката која му ја раскинала врската. (Фото: СК.МК)

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поведе постапка против К. У. (24) од Битола за кривичното дело Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тој на 10 ноември ја нападна партнерката, 21-годишна битолчанка, а  откако таа го пријави тој  дојде во полициска станица, па побегна низ прозорецот. По осомничениот се трагаше пет дена, а дури 16 ноември во присуство на својот бранител дојде да се предаде во полициската станица и беше уапсен.

    Обвинителството соопшти дека осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото. Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица преку прозорец. Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.

    Обвинетиот, според изјавите на семејството, подолго време ја тепал, малтретирал и ѝ се заканувал на девојката која му ја раскинала врската.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира