СЕ БЕЛЕЖИ ПОРАСТ НА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ПОПУЛАЦИЈАТА ПОД 40 ГОДИНИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИ

    СЕ БЕЛЕЖИ ПОРАСТ НА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ПОПУЛАЦИЈАТА ПОД 40 ГОДИНИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИПо повод Денот на срцето, Клиниката за кардиологија прими донација од 570.000 делари (Фото: СДК.МК)

    Загрижувачки се податоците кои покажуваат дека има пораст на срцеви заболувања кај помладата популација која е работно активна, односно кај лица под 40-годишна возраст, предупреди министерот за здравство Беким Сали на одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

    „Превенцијата од кардиоваскуларни заболувања е еден од приоритетите на Министерството, имајќи предвид дека се водечка причина за смрт на глобално ниво. Пандемија во континуитет. Според последните податоци, 31% од смртноста во светот е поради нив. Министерството за здравство на годишно ниво има планирано програма за превенција од кардиоваскуларни болести, со посебен фокус на превенција на факторите на ризик, навремено дијагностицирање, препознавање и намалување на смртноста и унапредување на лекувањето. За оваа година предвидени се 20 милиони денари за оваа програма“, рече Сали.

    По повод Денот на срцето, Клиниката за кардиологија прими донација од Здружението на лекари-специјализанти и дијаспората во САД во износ од 570.000 делари. На оваа клиника, околу 35.000 луѓе годишно добиваат амбулантски преглед, а има од 10.000 до 11.000 хоспитализирани пациенти.

    „Со оваа опрема дополнително се подобруваат условите за сместување и третман на пациенти. На оваа клиника има голема фреквенција на пациенти и затоа е важно упанпредувањето на условите, што е една од главните заложби на Министерството“, рече Сали.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира