СЕ ЧИСТАТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА

    СЕ ЧИСТАТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНААктивностите опфаќаат чистење на 16 диви депониии во Општина Тетово и 12 диви депонии во Општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар.(Фото: МЖСПП)

    Со механизација и работници се чистат дивите депонии во националниот парк Шар Планина. Активностите опфаќаат чистење на 16 диви депонии во Општина Тетово и 12 диви депонии во општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар и транспорт на отпадот до депонијата „Русино“.

    Парите за чистење на депониите се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерот Насер Нуредини кажа дека општините согласно Законот за управување со отпад имаат обврска за собирање и транспорт на комуналниот отпад и целосно покривање на подрачјето на кое ја извршуваат јавната услуга за управување со отпад, вклучително и изолираните населби.

    Единствено на овој начин може да се спречи повторното појавување на диви депонии во овие општини“, кажа Нуредини.

    Шар Планина беше прогласена за национален парк пред една година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира