СЕ ЧИСТИ ЗАТНАТИОТ КОЛЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОД ОТПАДНИ И ЗАГАДЕНИ ВОДИ

    СЕ ЧИСТИ ЗАТНАТИОТ КОЛЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОД ОТПАДНИ И ЗАГАДЕНИ ВОДИЗа санација на колекторот Владата издвои 4,2 милиони евра, а по чистењето ќе може без пронлеми да работи наредниве дваесет години. (Фото: СДК.МК)

    Екипи на фирмата „Еко-тим“ со заштитни маски на лицата продолжија да го чистат затнатиот колектор за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води и во време кога во градот повеќето жители се во своите домови заради заштита од коронавирусот.

    Работите на ревитализација на колекторот, кој работеше само со 20 насто од предвидениот капацитет, почнаа на почетокот од годинава. Од цевководите беа извадени бетонски блокови кои ги фрлале граѓани, дрвја и друг отпад. Формирано е и ново јавно претпријатие „Колекторски систем“ чиј директор е Владимир Алексијоски, кој потврди дека работата на санацијата продолжува и во времето на вонредната состојба поради коронавирусот.

    За санација на колекторот за заштита на Охридското Езеро Владата издвои 4,2 милиони евра. По извршената ревитализација се смета дека колекторот ќе може без проблеми да работи наредниве дваесет години.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира