СЕ ДЕЗИНФИЦИРА ЦЕЛА БИТОЛА, СЕ ПРСКААТ И ЗГРАДИТЕ

    СЕ ДЕЗИНФИЦИРА ЦЕЛА БИТОЛА, СЕ ПРСКААТ И ЗГРАДИТЕЛокалните јавни претпријатија со рачни пумпи со своите работници учествуваат директно во прскање на влезовите во зградите. (Фото: СДК.МК)

    Во Битола се спроведува голема акција за дезинфекција на сите јавни површини, коловози, пазари, паркинзи, како и влезовите и скалите од колетивните згради. Во акција покрај јавните претпријатија учествуваат ЕСМ преку подружницата РЕК „Битола“, Синдикалната организација и ФОД.

    „Локалните јавни претпријатија со рачни пумпи со своите работници учествуваат директно во прскање на влезовите во зградите. Во ноќните часови се продолжува со прскање на коловозите и пешачките патеки. Во недела ќе ни се приклучат и доброволци, битолчани кои изразија желба да помогнат, кога се очекува да биде и завршетокот на овие активности. Понатаму ќе продолжиме со машинскиот дел на дезинфекцијата во реониоте од градот со идивидуални куќи, ќе се дезинфицира и машински и рачно пред дворовите на куќите и по коловозите“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.

    Општината од ЕСМ доби 50 пумпи за дезинфекцфија.

    „Подготвена е екипа од 50 вработени, добро обучени и опремени со средства и опрема за дезинфекција. Додека трае кризата ќе се врши дезинфекција на колетивни станбени заедници, па на индивидуални станбени објекти и институции кои ќе побараат од дезинфкеција на објектите и просториите каде што работат“, рече Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.

    Извршена е дезинфекција и на паркинзите каде од 90.000 возила дневно кои се паркирале, сега бројката е падната на 10.000, што покажува дека е многу намалена фреквенцијата на движење. На влезовите од Битола се врши дезинфекција на возилата кои влегуваат и излегуваат од градот.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира