СЕ ГРАДИ МОНТАЖНА КОВИД БОЛНИЦА ВО ШТИП

    СЕ ГРАДИ МОНТАЖНА КОВИД БОЛНИЦА ВО ШТИПМонтажната болница за болни од ковид-19 ќе биде со капацитет од 50 кревети; - Стручни лица на ЈП „Исар“ на местото каде се планира подигање на монтажна ковид болница ја утврдуваа водоводната и канализаципоната мрежа. Во позадина се зградата на Детското одделение и новата Клиничка болница во изградба. . (Фото: СДК.МК)

    Во кругот на Клиничката болница во Штип се одвиваат подготвителни работи за изградба на монтажна ковид болница. Екипи на ЈП „Исар “ работеа на утврдување на трасите за водоводните и канализационите линии и останатите комунални приоди.

    Потребата за монтажна болница се зголеми откако во последните недели постојано се зголемува бројот на заболените, кои сега се хоспитализирани на Инфективното и адаптираното Кожно одделение. Министерството за здравство уште пред еден месец најави монтажна болница со капацитет од 50 кревети.

    Вчера во Штип беа регистрирани 15 нови ковид позитивни, а во моментов активни се 419.

    Оваа недела на Инфективното одделение во Штип констатно се бележат по неколку смртни случаи од ковид-19, а бројот на хоспитализираните и оздравените е десетина лица дневно.

    „Од вчера до денеска има нови 4 смртни случаи. Двајца се од Радовиш, еден од Штип и една жена од Кавадарци која живеела во Штип. Десет лица се испишани и пуштени дома, а 60 се хоспитализирани од кои 22 се на кислородна поддршка“, вели раководителката на Инфективното одделение д-р Дијана Шишкова.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира