СЕ ГРАДИ НОВА ГРАДИНКА ВО ШТИП ПО 30 ГОДИНИ

    СЕ ГРАДИ НОВА ГРАДИНКА ВО ШТИП ПО 30 ГОДИНИРаководителот на Центарот на Источно-планскиот Регион Драгица Здравева и градоначалникот на Штип Благој Бочварски го потпишаа договорот за изградба на градинката (Фото: СДК.МК)

    Со потпишувањето на договорот меѓу Општината Штип и Центарот за развој на Источно-планскиот Регион, почнува да се гради новата градинка во Штип. Последната е изградена пред 30 години.

    Новата градинка ќе се гради во населбата Сењак 4, со површина од 1.643 метри квадратни и ќе биде со капацитет за 200 деца, колку што последните анкети покажаа дека на Штип им недостасува згрижување.

    Според економскиот елаборат, новата градинка ќе чини 600 илјади евра од кои 340.000 евра ќе биде буџетско учество на Општината Штип, а речиси 260.000 од Бирото за рамномерен регионален развој на Македонија. Со изградбата на новата сообраќајна обиколница која ќе минува преку реката Брегалница кај населбата 8 Ноември, новата градинка ќе овозможи згрижување на деца и од приградските населби Македонка, Балканска, Чардаклија и Три Чешми.

    Со новата градинка, која е влезена во новиот детален урбанистички план, Штип ќе има вкупно осум градинки во сите поголеми населби во градот, кои заедно со новата вгодина кога ќе се даде во употреба ќе располагаат со вкупен капацитет за згрижување на 1.000 деца.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари