СЕ МАЧИМЕ ДА СЕ СНАЈДЕМЕ СО УЧЕБНИЦИ, ВЕЛАТ ДЕЛ ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА

    СЕ МАЧИМЕ ДА СЕ СНАЈДЕМЕ СО УЧЕБНИЦИ, ВЕЛАТ ДЕЛ ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТАНедостасуваат новите учебници за прво, второ и четврто одделение. (Фото: СДК.МК)

    Со недостаток на учебници за прво, второ, четврто и петто одделение се соочуваат дел од битолските основни училишта. Директорите на некои од нив на Комисијата за јавани дејности при Општина Битола ѝ се пожалија дека се мачат за да набават учебници, а во некои одделенија има и примери каде по двајца ученици следат настава со еден учебник.

    „Недостасуваат учебници за прво, второ и четврто одделение. Маки мачиме да се снајдеме и родителите се загрижени зашто тече наставата “, рече Лилјана Николовска, директорка на Основното училиште „Трифун Пановски“.

    Станува збор за нови учебници кои ги доставува Министерството за образование. Според досегашната пратика, тие стигнуваат во едно од централните училиште во Битола, од каде ги подигаат другите.

    „Имаме многу мал број учебници. Оваа година за прво второ и петто одделение стигнаа премал број. Во четврто одделение немаме воопшто учебници. Малку чудно да се истоварат учебниците во едно училиште и кој прв дојден, прв услужен. Ние што дојдовме покасно немаше учебници за нас. Сега во четврто одделение немаме ни еден учебник, а во петто одделение по две деца на еден учебник. На кое да му го дадеме побрзо“ , рекоа дел од директорите.

    Сепак, има и училишта каде има доволен број на учебници, а некои позајмиле и од други.

    „Годинава има сто ученици помалку од лани во Битола. А бројката што МОН ја праќа на учебници е според ланската. Очигледно, во некои училишта има вишок на учебници и не знам зошто ги чуваат. Јас побарав од друго училилште и ми дадоа. Треба онаму каде има да се дадат на други училишта за да нема проблеми“, рече Стевче Петковски, в. д. директор на ОУ „Тодор Анегелевски“.

    Учебниците ги доставува Министертсвото за образование од каде директорите добиле одговор дека постапката за набавка на нови е во тек. Во дел од основните училишта во Битола директорите се назначени од новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кои најчесто се соочуваат со поблемот, а во малку школи се останати од претходната.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира