СЕ МЕНУВААТ 25 ВРАТИ СТАРИ НАД ЕДЕН ВЕК ВО ГОРНАТА ГИМНАЗИЈА ВО БИТОЛА, ИМА ДОЗВОЛА ОТИ ОБЈЕКТОТ Е ЗАШТИТЕН

    СЕ МЕНУВААТ 25 ВРАТИ СТАРИ НАД ЕДЕН ВЕК ВО ГОРНАТА ГИМНАЗИЈА ВО БИТОЛА, ИМА ДОЗВОЛА ОТИ ОБЈЕКТОТ Е ЗАШТИТЕННовите врати се изработени од чисто дрво и со сосема ист лик како старите. (Фото: СДК.МК)

    Се менуваат 25 врати стари и по повеќе од еден век во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, кои беа под заштита. Директорката Лидија Споа рече дека замената на вратите со нови се прави врз основа на проект и заштитно-конезрваторски услови, одобрен од Музејот и Управата за заштита на културно наследство. Извадени се сите потребни документи и дозволи, а новите врати се изработени од чисто дрво и со сосема ист лик како старите.

    Зафатот е дел од интензивните работни активности за внатрешно реновирање на училиштето, кои ова лето се одвиваат заради подобрување на условите за учениците и вработените. Се прави и реконструкција на ходникот на вториот кат со поставување нови плочки, како и подготовка на нов, современо опремен хемиски кабинет.

    Инвестицијата за мебел во хемискиот кабинет изнесува 518.140 денари (околу 8.000 евра), додека за промена на вратите и реконструкција на подовите се инвестираат 2. 844.326 денари (околу 46.000 евра).

    Реновирањето во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ се реализира со поддршка од Општина Битола и Министерството за образование и наука.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира