Нецели два месеца откако беше поставен, почна да се распаѓа лежечкиот полицаец во скопската населба Горно Лисиче. Лежечкиот полицаец беше поставен на 1 ноември, три дена по стапувањето на должност на новиот градоначалник на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и поставувањето беше проследено со фотосесија и видео со пригоден говор на официјална Фејсбук страница на градоначалникот.
„Утрово со нашиот тим се упативме во Горно Лисиче каде се соочуваме со големи проблеми во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот претставува наш императив, па затоа поставивме успорувачи на брзината или ‘легнати полицајци’ на оваа локација. Ова е прв чекор во решавањето на проблемите во Горно Лисиче“, кажа тогаш Муцунски.
На истото место, кај ОУ „Гоце Делчев“ неколку пати беа поставувани лежечки полицајци од претходните градоначалници, но брзо се распаѓаа.