СЕ РАСПАЃА ЛЕЖЕЧКИОТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ, ПРВИОТ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ

    СЕ РАСПАЃА ЛЕЖЕЧКИОТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ, ПРВИОТ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИЛежечкиот полицаец беше поставен на 1 ноември, веднаш по стапувањето на должност на новиот градоначалник на Општина Аеродром Тимчо Муцунски. (Фото: Општина Аеродром/СДК.МК)

    Нецели два месеца откако беше поставен, почна да се распаѓа лежечкиот полицаец во скопската населба Горно Лисиче. Лежечкиот полицаец беше поставен на 1 ноември, три дена по стапувањето на должност на новиот градоначалник на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и поставувањето беше проследено со фотосесија и видео со пригоден говор на официјална Фејсбук страница на градоначалникот.

    „Утрово со нашиот тим се упативме во Горно Лисиче каде се соочуваме со големи проблеми во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот претставува наш императив, па затоа поставивме успорувачи на брзината или ‘легнати полицајци’ на оваа локација. Ова е прв чекор во решавањето на проблемите во Горно Лисиче“, кажа тогаш Муцунски.

    Лежечкиот полицаец беше саниран веднаш по објавувањето на текстот на САКАМДАКАЖАМ.МК. (Фото: Општина Аеродром)

    На истото место, кај ОУ „Гоце Делчев“ неколку пати беа поставувани лежечки полицајци од претходните градоначалници, но брзо се распаѓаа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира