СЕ РАСПАЃА РИДОТ НАД БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ РАСПАЃА РИДОТ НАД БИТОЛА

    Големи камења до половина кубик се изронети од карпестиот рид на обиколницата кај Битола. Обилните дождови кои веќе трет ден паѓаат во Битола го активираа старото свлечиште и предизвикаа голем одрон на камења и земјен материјал на дел  од регионалниот пат Прилеп-Битола-Ресен.

    Бидејќи патот е опасен за минување, сообраќајот е пренасочен низ Битола. Од битолската подружница на „Македонија пат“ велат дека во вакви временски услови опасно е да се санира свлечиштето, па ќе интервенираат кога ќе се намалат врнежите.

    „Изронети се околу 30 метри кубни земјен материјал и постојано се одронуваат камења. Воведени се 24-часовни дежурства и не се дозволува ниту едно возило да мине по тој пат. За да не ги доведеме во опасност и работниците се остава материјалот да паѓа, да видиме колку ќе се одрони. Чекаме времето да се смири, па да интервенираме. Среќна околност е тоа што имаме алтернативно сообраќајно решение“, вели Веселинчо Спасевски, директор на „Македонија пат“ од Битола.odron-2

    Во запирање на одроните не помогнаа ни габионите (челични мрежи полни со каменест материјал) поставени во октомври минатата година како бедем крај обиколницата. Но, одронот овојпат прелеа преку нив.
    Свлечиштето за првпат се појави пред година и пол и редовно се активира при пообилни дождови.

    „Проектот за негова санација се прави во ЈП за државни патишта“, вели Спасевски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира