СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕ

    СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕПензионерите покрај во автобусите нема да можат да се возат бесплатно и на жичницата на Водно.(Фото: К.Попов)

    Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во Скопје. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека одлуката е донесена поради препораките на Владата за заштита од коронавирусот, пензионерите да не се возат со автобусите од јавниот превоз. Исто така пензионерите нема да можат да се возат бесплатно и на жичницата на Водно.

    Покрај за пензионерите нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

    „Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Пензионерите со одлука во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски се возат бесплатно во вторник, петок, сабота и недела.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари