СЕ УРИВА СКОПСКАТА СЕНДВИЧАРА „СЕДМИЦА“ ЗА ДА СЕ ГРАДИ ЗГРАДА

    СЕ УРИВА СКОПСКАТА СЕНДВИЧАРА „СЕДМИЦА“ ЗА ДА СЕ ГРАДИ ЗГРАДАСпоред Деталниот урбанистички план „Буњаковец 1“,на оваа парцела предвидена е маркичка за зграда со приземје, четири ката и поткровје.(Фото: К. Попов)

    Се урива познатата скопска сендвичара „Седмица“ во центарот на градот спроти Грчката амбасада, за да се гради зграда. Од пред неколку дена со градежна механизација се урива куќата во која 30 година се наоѓаше сендвичарата.

    Просторот е заграден со тараби, а инвеститорот кој на овој простор ќе гради зграда поставил известување дека од 4 јули започнуваат со градежни работи на објектот.

    Од Општина Центар не добивме одговор на нашите прашања за колкав објект е издадена градежна дозвола.

    Според Деталниот урбанистички план (ДУП) „Буњаковец 1“, на улицата Борка Талески се предвидена маркички за згради. На парцелата на поранешна „Седмица“ е предвидено изградба на зграда со приземје, четири ката и поткровје. Долж улицата веќе на сите парцели се изградени згради.

    Измените на ДУП-от за Буњаковец се донесени во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира