СЕ ЗАПАЛИ ТОВАРЕН ВОЗ КАЈ ВЕЛЕС, ПОРАДИ НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН ПОЖАРОТ УШТЕ СЕ ГАСИ

    СЕ ЗАПАЛИ ТОВАРЕН ВОЗ КАЈ ВЕЛЕС, ПОРАДИ НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН ПОЖАРОТ УШТЕ СЕ ГАСИПоради пожарот железничкиот сообраќај е во прекин. (Фото: ЦУК)

    Попладнево околу 14,40 часот на железничката пруга Велес , кај желеничката станица „Рајко Жинзифов“ се запалила локомотива, поради што железничкиот сообраќај е во прекин. Товарниот воз сообраќал од Гевгелија за Белград.

    „Машиновозочат ја откачил локомотивата во моментите кога огнот пламнал, за да не се прошири пожарот. Поради непристапноста на теренот запалената локомотива се гаснела со противпожарни апарати. Последните информации се дека пожарот уште не е изгаснат“, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Поради пожарот железничкиот сообраќај е во прекин. Патничкиот воз од Скопје за Гевгелија кој тргнува во 16,55 часот и возот за Битола во 20.05 часот, се сопрени. Исто и патничкиот воз од Гевгелија за Скопје, кој од железничка станица Велес тргнува во 18,40 часот чека да се нормализира сообраќајот.

    Противпожарниот воз на „Македонски железници“ кој треба да интервенира за случај пожар покрај или на пругата е во функција од почетокот на јуни до крај на септември.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира