СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО АЕРОДРОМ ЌЕ ДОБИЕ ПО 3.500 ДЕНАРИ ОД ОПШТИНАТА

    СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО АЕРОДРОМ ЌЕ ДОБИЕ ПО 3.500 ДЕНАРИ ОД ОПШТИНАТАГрадоначалникот Златко Марин вели дека целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за пред почетокот на школската година.(Фото: Општина Аеродром)

    Општина Аеродром на секое прваче ќе му даде по 3.500 денари пред почетокот на учебната година. Градоначалникот Златко Марин вели дека целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за пред почетокот на школската година за новиот ученик во семејството.

    „На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете. За овој проект имаме издвоено 2.800.000 денари од буџет за овој проект, односно по 3500 денари за околу 800 првачиња. Го земавме просекот од минатите години на бројот на запишани првачиња, но доколку оваа година бројката е поголема ќе обезбедиме дополнителни средства односно парична помош ќе има за сите запишани деца“, вели градоначалникот Марин.

    Критериуми за доделување на еднократната финансиска помош се двајцата родители да бидат со живеалиште на територија на општина Аеродром и детето да е запишано во едно од основните училишта во Аеродром. Родителите ќе треба да достават до општината копија од лична карта, извод од матична книга на венчани, потврда за упис на нивното дете во училиште и копија од трансакциска сметка.

    Средствата на родителите ќе им бидат исплатени кон крајот на август.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира