СЕКОЈ ДЕВЕТТИ ЖИТЕЛ ВО ВЕЛЕШКО Е ЛИЦЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    СЕКОЈ ДЕВЕТТИ ЖИТЕЛ ВО ВЕЛЕШКО Е ЛИЦЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТСпоред Пописот од 2021, во Општина Велес, со попреченост има 5.282 лица, од нив 2.268 мажи и 3.014 жени. (Фото: СДК.МК)

    Според пописот од 2021 во Велес и селата има вкупно 5.282 лица со попреченост од запишаните 48.447 жители, што е 11 отсто од вкупното население, или секој деветти жител во општината, има некој облик на попреченост. Денес 3 декември е Светски
    ден на лицата со попреченост, а 4 декември за лицата со телесна инвалидност. Најбројна е групата на лицата со попреченост во движењето, потоа со видот и слухот, покажува пописот од 2021.

    „Бројката на лица со пореченост е повисока од официјалната“, вели Миланчо Арсовски од ЗГ „Мобилност“ од Велес.

    „Физичките бариери за слободно движење се присутни. Локалната власт отвори информативен центар на приземја, каде граѓаните со попреченост може да ги остварат своите права. Средните и основни училишта се пристапни, банките не се. Има останати бариери и по толку години, од претходната држава кои мора да се корегираат. Не ни се достапни услугите на ЈКП Дервен, ЕВН, Пошта. Се додека не влезе во парламент лице со попреченост, не можеме да очекуваме дека во државата работите ќе се придвижат напред. Предлог-законот со кое се регулира ова прашање е доставено до Собранието. Во Македонија во четири општини има
    советници, лица со попреченост што е премалку“ ,  додава Арсовски.

    Според Пописот од 2021, во Општина Велес, со попреченост има 5.282 лица, од нив 2.268 мажи и 3.014 жени. Според возраста најголема е највозрасната група на граѓани над 65 години со 2.810 лица, од 15 до 64 години има 2.404 лица и до 14 години се 68 деца.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира