СЕКОЈ ВИКЕНД ВО МАРТ ЛОВЏИИТЕ ОРГАНИЗИРААТ ОТСТРЕЛ НА ШТЕТЕН ДИВЕЧ ШТО ГИ НАПАЃА ТРЛАТА ВО ШТИПСКИТЕ СЕЛА

    СЕКОЈ ВИКЕНД ВО МАРТ ЛОВЏИИТЕ ОРГАНИЗИРААТ ОТСТРЕЛ НА ШТЕТЕН ДИВЕЧ ШТО ГИ НАПАЃА ТРЛАТА ВО ШТИПСКИТЕ СЕЛАВо досегашните акции за заштите од штетен дивеч учествувале по стотина ловџии. (Фото: СДК.МК)

    По зачестените напади од штетен дивеч врз овците и јагнињата во трлата во Штипско и врз домашната живина по селата, ловечкото друштво „Ловец“ од Штип врз основа на законските прописи и правилници за острел, уште на почетокот на февруари почна со организирање хајки на штетен дивеч.

    „На ваква двомесечна акција за организирање отстрел на штетен дивеч се одлучивме кога уште во јануари започнаа првите напади на штетниот дивеч по трлата во регионот и по кокошарниците со живина по селските населби во Штип. Во првиот случај, во трло кај штипското село Сарчиево, од волци биле задавени дваесеттина овци и јагниња, а во речиси сите села зачестиле нападите од лисици по домашната живина“, вели ловочуварот и секретар на ловечкото друштво во Штип, Стефан Панев.

    Тој додава дека во овој отстрел не е вклучена дивата свиња која исто така прави штети. Дивата свиња, со оглед на појавата на свинската чума, сега поради здравствени причини е под заштита и не е дозволен нејзин отстрел иако граѓаните во изминатиот период имаа голем број на штети и од нив.

    Според информациите на ловечкото друштво „Ловец“, во хајките во месец февраури сѐ уште не е отстрелан волк кој во овој период не се спушта кон трлата кои презедоа свои индивидуални заштити, но во првите две акции што биле организирани кај селата Пенуш и Сушево биле фатени 12 лисици, по шест во секоја хајка. Во досегашните акции имале масовно учество по стотина ловџии, но очекуваат за хајката што ја планираат за овој викенд во околината на селата Долни и Горни Балван да биде уште помасовна.

    Најголемо учество се очекува викендот на 10 март, кога во атарот на штипското подплачковичко село Шашаварлија ќе се организира најмасовната акција за заштита од штетниот дивеч, со оглед на тоа што тој ден на крајот сите ловџии учесници истовремено ќе го одбележат и Денот на ловџиите, 10 Март, со еден заеднички собир на отворено.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира