СЕКРЕТАРОТ НА ОПШТИНА САРАЈ СЕФИ ШАБАНИ ОД ДУИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“

    СЕКРЕТАРОТ НА ОПШТИНА САРАЈ СЕФИ ШАБАНИ ОД ДУИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“Шабани е трет директор на „Паркови и зеленило“ за година и пол мандат на Арсовска. (Фото: Општина Сарај)

    Досегашниот секретар на Општина Сарај Сефи Шабани од ДУИ е нов в. д. директор на скопското ЈП „Паркови и зеленило“. Откако во неделата директорот Зухејр Реџепи, кој исто така е кадар на ДУИ, си поднесе оставка, градоначалниката Данела Арсовска на функцијата го назначи Шабани.

    Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврдија вработени во претпријатието како и членови на ДУИ. Од кабинетот на Арсовска втор ден немаме одговор на нашето прашање кој е нов директор на ова јавно претпријатие.

    Шабани е трет директор на „Паркови и зеленило“ за година и пол мандат на Арсовска. По локалните избори во 2021 на кои победи Арсовска, на функцијата беше назначен Ангеле Сотировски од Социјалистичката партија која е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. По кавгата на градоначалничката со ВМРО-ДПМНЕ, Сотировски како и останатите директори си поднесе оставка.

    На негово место лани во септември беше назначен Реџепи, кој пред еден месец доби и менаџерски договор од Арсовска од 4 години. Реџети рече дека оставка поднесува поради здравствени причини.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира