ШЕСТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ЗАРАЗЕНО ОД МАЛИ СИПАНИЦИ ВО КАРБИНЦИ

    ШЕСТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ЗАРАЗЕНО ОД МАЛИ СИПАНИЦИ ВО КАРБИНЦИИнфективното одделение во Штип се полни со заболени од морбили од руралните општини и селата под Плачковица (Фото: СДК.МК)

    Цело семејство се заразило од мали сипаници во селото Карбинци, од истоимената општина кај Штип, соопшти раководството на штипската Клиничка болница која ги примила заразените во инфективното одделение.

    „Се работи за шестчлено семејство од ова село во Општина Карбинци, кое побарало помош во инфективното одделение во Штип. И повозрасните членови на семејството и децата веднаш биле хоспитализирани и се ставени во карантин и на интезивна терапија, адекватна за заболувањето“, соопштија од Клиничката болница во Штип.

    Ова не е прв случај на морбили во Штип, но за првпат Болницата се соочува со заразено цело семејство.  И во оваа болница важат правилата за прогласената епидемија од мали сипаници, па во инфективното одделение уште во претходниот месец се забранети посетите и се преземени сите потребни мерки за сузбивање на епидемијата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира