ШЕСТМИНА СО СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА, ШЕТАЛИШТЕТО НА КЕЈОТ ПОЛНО РЕКРЕАТИВЦИ

    ШЕСТМИНА СО СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА, ШЕТАЛИШТЕТО НА КЕЈОТ ПОЛНО РЕКРЕАТИВЦИШеталиштето на кејот во Охрид денеска беше полно, од најмлади до највозрасни излегоа на сончевото време. (Фото: СДК.МК)

    Во Инфективното оддление на Општата болница во Охрид има шест пациенти со симптоми на КОВИД-19. Од нив се земени брисеви и се очекуваат резултатите од тестовите.

    Шеталиштето на кејот во Охрид денеска беше полно, од најмлади до највозрасни излегоа на сончевото време пред почетокот на полицискиот час во 16 часот.

    Во Охрид има три регистрирани случаи кај кои е потврдено присуството на КОВИД-19.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари