ШИЛЕГОВ БРКАШЕ НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ТАКСИСТИ КАЈ СИТИ МОЛ, НО УЛИЦАТА ПАК БЕШЕ БЛОКИРАНА ШТОМ СИ ЗАМИНА

    ШИЛЕГОВ БРКАШЕ НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ТАКСИСТИ КАЈ СИТИ МОЛ, НО УЛИЦАТА ПАК БЕШЕ БЛОКИРАНА ШТОМ СИ ЗАМИНАГрад Скопје, при реконструкцијата на улицата, ја помести такси станицата подолу на улицата за да не се создава хаос пред влезот на паркингот. - Шилегов се објаснува со таксист; Непрописно паркирани возила на истото место два часа подоцна (Фото: Фејсбук/СДК.МК)

    Скопскиот градоначалник Петре Шилегов попладнево ги бркаше таксистите кои непрописно паркирани чекаа патници на улицата Љубљанска пред Сити мол. Град Скопје, при реконструкцијата на улицата, ја помести такси станицата подолу на улицата за да не се создава хаос пред влезот на паркингот. Но, таксистите и понатаму се паркираат на почетокот на улицата, а полиција нема да ги казни.

    Шилегов, враќајќи се од работа, излезе од својот автомобил и на таксистите, но и други возачи кои непрописно застануваа и се паркираа, им објаснуваше дека не смеат тука да се паркираат и дека тој дел е соодветно обележан и сето тоа одеше во живо на неговиот Фејсбук профил.

    „Малку ред нека има“, го наслови Шилегов видеото.

    Таксистите и другите возачи се тргнаа, но откако градоначалникот Шилегов замина повторно улицата беше блокирана со возила.
    Жителите на Карпош постојано бараат да се реши овој проблем и полицијата да ги казнува таксистите кои си тераат по свое.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира