ШИЛЕГОВ Ѝ ЈА ЧЕСТИТА ПОБЕДАТА НА АРСОВСКА, РЕЧЕ ДЕКА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ СКОПЈЕ ПОВТОРНО ДА БИДЕ СИЛУВАНО

    ШИЛЕГОВ Ѝ ЈА ЧЕСТИТА ПОБЕДАТА НА АРСОВСКА, РЕЧЕ ДЕКА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ СКОПЈЕ ПОВТОРНО ДА БИДЕ СИЛУВАНОШилегов кажа дека го оставил градот во позиција да не може да запре неговиот развој. (Фото: СДК.МК)

    Досегашниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов ѝ ја честиташе победата на независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, која победи во вториот круг со околу 30.000 гласови повеќе. Шилегов кажа дека и понатаму ќе биде тука, за да не дозволи на Скопје да му се случи силување како во минатото.

    „Ѝ честитам на госпоѓата Арсовска на изборот. Благодарност до сите граѓаните и активисти кои ни дадоа поддршката. Нашите булевари, кејови, нашите зелени крвови веќе никој не може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставаме во позиција неговиот развој да мора да продолжи. Ние сме тука  и понатаму да ја продолжиме борбата Скопје да продолжи да расте како модерен град. Нема да дозволувме да ни случуваат силувања како во минатото“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира