ШИЛЕГОВ ЌЕ БАРА СОБРАНИЕТО ДА ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА

    ШИЛЕГОВ ЌЕ БАРА СОБРАНИЕТО ДА ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈАВо моментов се работи на тоа какви би биле надлежностите на комуналните полицајци, со што како што велат од Град Скопје би се воспоставило ред во однос на хигиената, дивите депонии, градбите, паркирањето, узурпирањето на јавни површини.(Фото: Град Скопје)

    Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе бара да се донесе Закон за комунална полиција. Во моментов се работи на тоа какви би биле надлежностите на комуналните полицајци, со што како што велат од Град Скопје би се воспоставило ред во однос на хигиената, дивите депонии, градбите, паркирањето, узурпирањето на јавни површини.

    Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје Мирослав Богдановски за САКАМДАКАЖАМ.МК. вели дека комуналната полицијата е алатка што недостасува во градот за да може да се воспостави соодветна контрола, налик европските градови.

    „Ингеренциите и надлежностите на комуналната полиција ќе бидат налик на Белград, ќе ги земеме искуствата од таму. Ќе биде надлежна буквално за сè што е во надлежност на Град Скопје. Ќе казнуваат за фрлање ѓубре, за погрешно паркирање, узурпирање на јавна површина, за градби, диви пазарџии, тезги и слично. Според искуствата од Белград на 5.000 жители потребен е еден полицаец, што значи на Скопје му требаат од 100 до 120 комунални полицајци“, вели Богдановски.

    „Комуналните редари па и инспекторите имаат проблеми, лицата кои ќе ги затекнат како прават одреден прекршок не сакаат да се легитимираат за да може да им пишат казна. Полицијата во овој случај би имала многу поголеми овластување, ќе можат да приведуваат и ќе работат 24 часа, а би требало да бидат и поголеми казните“, додава Богдановски. (Фото: Град Скопје)

    Во моментов Град Скопје има 9 комунални инспектори и 16 редари, што според Богдановски е многу мала бројка а и нивните овластувања се ограничени, па затоа не е ефикасна контролата и казнувањето.

    „Комуналните редари па и инспекторите имаат проблеми, лицата кои ќе ги затекнат како прават одреден прекршок не сакаат да се легитимираат за да може да им пишат казна. Полицијата во овој случај би имала многу поголеми овластување, ќе можат да приведуваат и ќе работат 24 часа, а би требало да бидат и поголеми казните“, додава Богдановски.

    Од Инспекторатот на Град Скопје велат дека додека се формира комуналната полиција работат на преорганизација на сегашните служби. Инспекторите и редари се поделени на реони, координирани со еко-патролата на „Комунална хигиена“ и општинските служби.

    „Со овие капацитети не можеме да дежураме пред секој контејнер, но сепак лоцирани се места каде постојано се создаваат депонии или контејнерите се полнат со градежен шут, кревети, маси, столици, душеци, од кои нема место каде да се фрла ѓубрето па тоа се развлекува низ улиците. Точно е дека многу малку се пишуваат казни, но така се работело со години, состојбата ќе се подобри, сега почнуваме со поинаков систем на работа“, додава Богдановски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари