ШИЛЕГОВ ЌЕ ГО ЗАЖИВУВА КАЛЕ, ДАЛИ ЌЕ ИМА КАФУЛИЊА ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ

    ШИЛЕГОВ ЌЕ ГО ЗАЖИВУВА КАЛЕ, ДАЛИ ЌЕ ИМА КАФУЛИЊА ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ СЕ ОДЛУЧИГрад Скопје во соработка со Управата за заштита на културното наследство ќе прави проект за уредување, ревитализација и одржување на Кале, со цел да стане едно од местата атрактивни за посета на туристите, но и жителите на Скопје. (Фото: К. Попов)

    Град Скопје ќе ја заживува тврдината Кале. Градот во соработка со Управата за заштита на културното наследство ќе прави проект за уредување, ревитализација и одржување на Кале, со цел да стане едно од местата атрактивни за посета на туристите, но и жителите на Скопје.

    Какви содржини ќе има на Кале односно дали ќе има кафулиња сè уште не се знае. Градоначалникот Петре Шилегов на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали во проектот за заживување на Калето со нови содржини се предвидува да има и кафулиња вели дека тоа дополнително ќе се утврди.

    „Тврдината Кале со години е запуштена, а секаде ваквите места за главни туристички атракции. Скопското Кале, кое се наоѓа во непосредна близина на Старата скопска чаршија нуди уникатен туристички потенцијал кој градот го прави дополнително привлечен за инвестиции од областа на туризмот. Какви содржи ќе има дополнително ќе утврдиме, но ќе го имаме предвид неговиот статус на заштитено културно наследство и ќе се зачува неговата автентичност“, вели Шилегов.

    Оваа точка ќе биде ставена на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи в четврток.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира