ШИЛЕГОВ ЌЕ ВРАБОТИ 19 ПОЖАРНИКАРИ КОИ ЌЕ ГИ ЗАМЕНАТ ПЕНЗИОНИРАНИТЕ, ИАКО НАЈАВУВАШЕ ДЕКА ГОДИНАВА ЌЕ ИМА 50 НОВИ ВРАБОТУВАЊА

    ШИЛЕГОВ ЌЕ ВРАБОТИ 19 ПОЖАРНИКАРИ КОИ ЌЕ ГИ ЗАМЕНАТ ПЕНЗИОНИРАНИТЕ, ИАКО НАЈАВУВАШЕ ДЕКА ГОДИНАВА ЌЕ ИМА 50 НОВИ ВРАБОТУВАЊАГрадоначалникот Петре Шилегов на одбележување на 20 мај- Денот на пожарникарите во Противпожарната станица во Автокоманда, каде најави дека годинава ќе бидат вработени 50 нови пожарникари. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје објави оглас за вработување на 19 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита. Станува збор за вработувања кои ќе ги заменат оние кои ќе заминат во пензија.

    Градоначалникот Петре Шилегов неколку пати изјавуваше дека годинава Град Скопје ќе вработи нови 50 пожарникари.

    „Оваа година во Бригадата за противпожарна заштита предвидено е да бидат примени нови 50 пожарникари. Согласно со европските стандарди пропорцијата е еден пожарникар на 1.500 жители, додека моменталната состојбата во Скопје е еден пожарникар на 3.500 жители. Со овие вработувања ќе се зголеми капацитетот на бригадата за справување со предизвиците при извршувањето на работните задачи, а истовремено ќе е чекор поблиску до исполнување на европските стандарди“, рече Шилегов на одбележување на 20 мај- Денот на пожарникарите во Противпожарната станица во Автокоманда.

    Градоначалникот Шилегов сега вели дека вработувањата на пожарникарите се врши преку блок дотации од Министерството за внатрешни работи и дека во наредниот период ќе бидат вработени и нови пожарникари, покрај овие кои ќе ги заменат пензионираните.

    „За толку пожарникари ни одобрија блок дотации. Во минатото се случувало кога ќе има пензионирање да не се вработуваат нови, туку да се укине блок дотацијата. Ова е прва тура вработувања во Пожарната, на која со години и фалат пожарникари“, вели Шилегов.

    Во огласот стои дека според годишниот план за вработување во Град Скопје за 2018 година, во Пожарна треба да се вработат 1 македонец/ка, 11 албанци/ки, 1 турчин/ка, 2 роми/ки, 1 србин/ка, 1 влав/влаинка, 1 бошњак/бошњачка и еден од други националности. На конкурсот за 19 позиции, се пријавиле 76 кандидати.

    Покрај огласот за вработување на пожарникари објавен е конкурс за командир на чета и командант на Противпожарната бригада, откако пред три месеци досегашниот командант Звонко Томески си поднесе оставка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира