ШИЛЕГОВ ОД 15 НОЕМВРИ ЌЕ ЗАБРАНИ ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ДО СРЕДНО ВОДНО ЗА ВИКЕНД

    ШИЛЕГОВ ОД 15 НОЕМВРИ ЌЕ ЗАБРАНИ ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ДО СРЕДНО ВОДНО ЗА ВИКЕНДЌе биде дозволено автомобили да се качуваат само до делот кај новиот пат кој води кон Сончев град, а ќе бидат воведени дополнителни автобуски линии (Фото:Фејсбук)

    Од 15 ноември Град Скопје ќе забрани движење на возила до Средно Водно. Градоначалникот Петре Шилегов најави дека работат за сообраќајно решение со кое ќе се реши хаосот со паркирани возила во парк шумата Водно.

    Од 15 ноември ќе биде дозволено автомобили да се качуваат само до делот кај новиот пат кој води кон Сончев град. За да им овозможиме на граѓаните да стигнат до Средно Водно ќе воведеме повеќе автобуски линии, односно покрај постојната линија која од Транспортен центар вози до Средно Водно, ќе отвориме два нови пункта, едниот кај поранешна „Нова Македонија“ а вториот спроти Цветен пазар“, рече Шилегов.

    Новиот режим за движење на Водно нема да стартува овој викенд туку наредниот бидејќи Шилегов чека да постави нов директор на ЈСП„Скопје“, за да може да воведе нови автобуски линии.

    Изминатиов викенд возила имаше од двете страни на патот,, пешаците и велосипедистите немаат каде да поминат. па дури ни колите не можеа да се разминат (Фото:Фејсбук)

    Изминатиов викенд, паркинзите на Средно Водно не беа доволни за паркирање на автомобилите, па во паркинг беше претворен патот до Средно Водно. Пешаците и велосипедистите немаат каде да поминат. Возила имаше од двете страни на патот, па дури ни колите не можеа да се разминат. Граѓаните на социјалните мрежи бараа новото раководство во Градот веднаш да забрани движење на возила, особено за време на викендите во зимскиот период кога заради загадувањето во Скопје, Водно е преполно со граѓани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира