ШИЛЕГОВ ТРИ ГОДИНИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРОДАДЕ КОЊИТЕ НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЗА „СКОПЈЕ 2014“

    ШИЛЕГОВ ТРИ ГОДИНИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРОДАДЕ КОЊИТЕ НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЗА „СКОПЈЕ 2014“ЛипицанериТЕ Монтоја и Сигојно изминативе три години се чуваат во штала кај бараките на ЈП „Паркови и зеленило“. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје не може да ги продаде коњите липицанери што ексградоначалникот Коце Трајановски ги купи за разгледување на проектот „Скопје 2014“. Двата липицанери Монтоја и Сигојно беа купени во 2013 од Грција, а кочијата беше набевена од Полска и чинеа вкупно околу 40.000 евра.

    По доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов проектот беше укинат и коњите од тогаш стојат во штала кај бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, на крајот од Градскиот парк. Вработени во претпријатието се грижат за нив оти обидите да се продадат се неуспешни.

    „Имавме два обида да ги продадеме ама никој не ги сака. Цената по која ги нудевме за еден коњ беше 1.800 евра, а кочијата и целата опрема 5.300 евра. Сега повторно чекаме да се направи проценка, да ја спуштиме цената и да се обидеме пак да ги продадеме“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

    Неколку пати коњите и кочијата изминативе три години биле изнајмувани  за свадби за младенците со кочијата да одат на венчавката или за фотосесија.

    Град Скопје пред три години проектот или турите со пајтонот низ Плоштад ги укина бидејќи не биле рентабилни. Годишно за работата на пајтонот и за двата липицанери од буџетот на Град Скопје како субвенции се одвојувале 100.000 денари. Од кога почнал со работа пајтонот па до крајот на 2017 година за него биле потрошени 10,7 милиони денари, а остварениот приход од наплата на карти бил само 1,2 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира