ШКОЛСКИТЕ ДВОРОВИ ВО ОХРИД УКРАДЕНИ ЗА ДИВО ПАРКИРАЊЕ

    ШКОЛСКИТЕ ДВОРОВИ ВО ОХРИД УКРАДЕНИ ЗА ДИВО ПАРКИРАЊЕВо Охридската гимназија немаше никој да каже дали дворот доброволно го отстапиле за паркинг (Фото: СДК.МК)

    Во Охрид викендов возачите сами ги претворија школските дворови во паркинзи. Највпечатливо беше дворното место на Гимназијата, кое беше преполно со возила од земјава и од странство. Обележаните паркинзи викендов беа преполни, па возачите се снаоѓаа како знаат и умеат.

    „Дворовите на училиштата, па така и дворот кај гимназијата, не се наменети за паркинг. Не знам, можеби некој ја отворил вратата од дворот и дозволил тука да се паркираат возила. Тоа не се официјални места за паркинг и ние не можеме да интервенираме преку пајак службата. Факт е дека во Охрид нема доволно паркинг места, а тоа драстично се почувствува во првите денови на август. Ваква посетеност не се памети од почетокот на 1990-те години, кога Македонија беше под блокада на соседите”, вели Гордана Јовановска, директорката на ЈП „Билјанини Извори”, кое стопанисува со паркинзите.

    Во Охридската гимназија немаше никој да ни каже дали дворот доброволно го отстапиле за паркинг.

    Низ охридските улици, според неофицијални проценки, се движат околу 40.000 возила од охриѓани и од гостите.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира