ШТИП 11 ДЕНА Е БЕЗ НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС, А ШЕСТЕ ЗАРАЗЕНИ МЕДИЦИНАРИ ИМААТ ВТОР НЕГАТИВЕН ТЕСТ

    ШТИП 11 ДЕНА Е БЕЗ НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС, А ШЕСТЕ ЗАРАЗЕНИ МЕДИЦИНАРИ ИМААТ ВТОР НЕГАТИВЕН ТЕСТИнфективното одделение во Штип моментално згрижува четири лица со коронавирус чија состојба е стабилна (Фото: СДК.МК)

    Веќе 11 дена Штип е без нов регистриран случај на коронавирус. Досега две лица од Штип починале од КОВИД-19, и двајцата имале повеќе од 80 години и други здравствени компликации.

    „Шесте медицински лица кои имаа КОВИД-19 и на вториот тест се негативни. Моментално на Инфективното одделение во Штип се хоспитализирани четири лица со коронавирус. Двајца пациенти се од Кочани, а две лица од Пехчево. Нивната здравствена состојба е стабилна“, вели директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев.

    Тој најавува дека планираната реконструкција на зградата на Инфективното одделение ќе се одложи до смирувањето на ситуацијата, иако проектите веќе се изготвени.

    „Планирано е со 200.000 евра европски пари комплетно да се реконструира зградата на Инфективното одделение во Штип, кое има регионален карактер. Со оглед на тоа што треба да згрижуваме редовни болни, на етапи ќе се обноват болничките простории, ќе се заменат сите прозорци и врати и ќе се обнови фасадата, но сето тоа го одлагаме до завршувањето на епидемијата“, вели Георгиев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира