ШТИП ЌЕ ГРАДИ СТАЦИОНАР ЗА КУЧИЊА

    ШТИП ЌЕ ГРАДИ СТАЦИОНАР ЗА КУЧИЊАГлутници кучиња скитници има и во центарот на Штип (Фото: СДК.МК)

    Локалните власти во Штип со невладините организации за грижа за кучиња во Општината се договорија долгодишниот проблем што градот го има со кучињата скитници да се реши со отворање стацинар.

    Од Општината Штип најавија дека дека за почеток времена локација за бездомните кучиња ќе биде еден стар објект во месноста Новакова Чешма, која ќе се преадаптира за оваа намена. Потоа, ќе се изготви програма за трајно решение на проблемот со кучињата скитници. Се планира долгорочно прифатилиште за кучиња и тендер за шинтерска служба.

    Истовремено, општинските власти апелираат сопствениците на кучиња повеќе сметка да поведат за своите миленици, ќе се забранат секакви натпревари на борби со кучиња, а дозволени ќе бидат само смотри на расни и дресирани кучиња.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира