ШТИП ПОЧНА ДА ЈА ГРАДИ ТРЕТАТА ФОНТАНА НА ПЛОШТАДОТ ОТКАКО ПРВИТЕ ДВЕ НЕ НИ ПРОРАБОТЕА

    ШТИП ПОЧНА ДА ЈА ГРАДИ ТРЕТАТА ФОНТАНА НА ПЛОШТАДОТ ОТКАКО ПРВИТЕ ДВЕ НЕ НИ ПРОРАБОТЕАНовата фонтана ќе чини три милиони денари (Фото: СДК.МК)

    Дел од плоштадот во Штип почна да се руши. Се вадат мермерните плочи, се копа означената и заградена локација, каде што, според најавата од Општината, ќе се гради фонтана.

    Новата фонтана ќе чини три милиони денари. Не личи плоштад без фонтана. Бараме од изведувачите да направат функционална фонтана и да внимаваме и оваа фонтана да не ја доживее судбината на претходните две“, вели градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

    Десетина метри од сегашната локација на градење, пред повеќе од 40 години постоеше фонтана, која многу често не беше во функција, па се претвораше во депонија. Во новото време таа фонтана се сруши, меѓу другото, и поради потребата да има повеќе простор, затоа што на плоштадот почнаа да се одржуваат партиски митинзи и разни политички и други собири.

    Пред 15-ина години, тогашната локална власт подигна нова фонтана на самиот влез на плоштадот Слобода. Но, и таа фонтана поради грешки во водоводниот систем не проработи и речиси една деценија беше нефукционална, па комуналците је претворија во жардиниера со цвеќиња и украсни растенија.

    Штипјани се прашуваат дали истата судбина ја чека и новата фонтана, чија изградба веќе е почната.

    Речиси секој градоначалник кога ќе дојде на функција на ум има изградба на фонтана. Досега фонтаните на плоштадот не профункционираа, па за неколку години беа срушени. Единствено работат фонтаните кај зградата на пензионерите изградена пред пет години и онаа кај гимназијата, која на двапати се правеше“, коментираат пензионери на плоштадот во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира