ШТИПЈАНЕЦ ИЗГРАДИЛ РАНЧ ВО КОЈ ИМА НАД 60 ЕЛЕНИ, ИМА ДОЗВОЛА ДА ЧУВА И СЛОНОВИ

    ШТИПЈАНЕЦ ИЗГРАДИЛ РАНЧ ВО КОЈ ИМА НАД 60 ЕЛЕНИ, ИМА ДОЗВОЛА ДА ЧУВА И СЛОНОВИЕзерцето во Зоолошката градина го користат и елените и лебедите и разните патки и нилските гуски. ( Фото: СДК.МК )

    Големиот штипски хуманист и љубител на животните, Никола Патриклиски пред петнаесетина години решил да подигне ранч во кој слободно можат да се движат сите домашни и диви животни, па постепено почнал да ги населува. За кратко време ранчот прераснал во отворена зоолошка градина со над 60 елени, повеќе лебеди и други птици.

    „На стартот приоритет ми беше водата, па доста вложив за бушотини од кои сега инсталирав и хидрант и ги задоволувам сите потреби за ранчот. Ја наводнувам детелината на еден хектар исклучиво наменета за храна на животните, а создадов и мало езерце исто така наменето за нив“, вели Никола.

    Елените се мирни и мили животни, слободно земаат храната од посетителите. ( Фото: СДК.МК )

    Уште на влезот во ранчот ве пречекуваат пет шарпланинци кои кога газдата е присутен сите гости ги третираат како пријатели.

    Никола вели дека на почетокот чувал и диви свињи и за кратко време ги припитомил.

    „Кога на свет дојдоа малечки тие почуствуваа потреба да заминат во дивината и тоа им го овозможив. Сега се дел од националниот парк на Серта“, вели раскажува Никола.

    Лебедите и патките се прикаска за себе. Екстравагантно и со гордост пливаат во езерцето. Пред извесно време јатото се зголеми со нови малечки лебеди. Има и нилски гуски кои исто така се вистинска украс со нивните бои на перјата и клунот.

    Посебна атракција е стадото од 60 елени. Тие се од видот на лопотарите какви што има во Македонија. Мили и мирни животни кои ако им понудиш храна од дланките ја земаат без никаков проблем. За нив се обезбедува исто така посебна храна од која дел се зрнестите плодови, најчесто пченка. Како преживари јадат и зелена растителна маса па за нив се обезбедуваат гранки со лисја.

    Сите животни на ранчот имаат посебни храни, но некогаш без проблем го делат заедничкиот ручек, зелената лисна маса. ( Фото: СДК. МК )

    На ранџот посебно се следи репродукцијата на елените. Обично во септемрви елените со рикови го најавуваат парењето. Младите на свет доажаат во мај, јуни. Неодамна во ранчот дошла подвижна ветеринарна амбуланта затоа што морало да се изврши царски рез па на свет дошло младо и здраво еленче.

    Во почетокот се чувале и срни кои се сродни на елените, но кога и тие почнале да добиваат подмладок, меѓу срните и елените се јавило некакво нетпрение па ранчот останал само со лопатарите.

    Ветеринарна заштита има и за сите останати животни. За целата зоолошка градина биле иавадени сите потребни документи и дозволи. Посебна инспекциска комисија утврдила дека се запазени сите неопходни зоо услови и стандарди и дека биле едно од подобрите во Македонија. Со издадените сертификати може да се чуваат и слонови.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

     

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира