ШТИПСКА ОРТОПЕДИЈА НЕМА ДА ПРИМА ПАЦИЕНТИ ОД СОСЕДНИТЕ ГРАДОВИ СЀ ДОДЕКА НЕ СЕ САНИРА ШТЕТАТА ОД НЕВРЕМЕТО 

    ШТИПСКА ОРТОПЕДИЈА НЕМА ДА ПРИМА ПАЦИЕНТИ ОД СОСЕДНИТЕ ГРАДОВИ СЀ ДОДЕКА НЕ СЕ САНИРА ШТЕТАТА ОД НЕВРЕМЕТО Посебно се работи на отстранување на оштетената кровна конструкција на Клиничката болница во Штип каде треба да се постави нов кров.(Фото: СДК.МК)

    Одделението за ортопедија во Клиничката болница во Штип соопшти дека нема да прима пациенти од соседните градови сѐ додека целосно не се санира состојбата по завчерашното невреме и ги замоли колегите да ги препраќаат пациентите во останатите ортопедски центри во Македонија.

    Последиците од невремето, кога силниот ветер откорна поголем дел од кровната конструкција поради што две одделенија прокиснаа се санираат и денеска. Дел од пациентите на Ортопедија и на Одделението за реанимација беа преместени во други простории. Поради ваквата состојба, како што рекоа раководителите, и двете одделенија работат со намален капацитет.

    Во сите државни служби и Јавни претпријатија, Противпожарната единица и Кризниот штаб на Општина Штип и натаму важи наредбата за општа мобилност на сите екипи во остранувањето на последиците од невремето кое беше проследено со силен ветер кој дуваше со брзина од речиси 140 километри на час.

    Речиси се отстранети педесетина откорнати кровни конструкции од гаражи, тераси и куќи, остгранети се стотината искршени дрвја и гранки од кои некои паднаа на моторни возила кои се целосно или делумно оштетени, а се санирани и поплавените подруми. Општинските служби ги примаат барањата на граѓаните кои ги пријавуваат отштетувањата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира