ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЕДНА НЕДЕЛА Е БЕЗ ДИРЕКТОР ПО ОСТАВКАТА НА Д-Р АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ

    ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЕДНА НЕДЕЛА Е БЕЗ ДИРЕКТОР ПО ОСТАВКАТА НА Д-Р АЛЕН ГЕОРГИЈЕВД-р Ален Георгијев беше именуван за директор во јуни 2017. (Фото: СДК.МК)

    Клиничката болница во Штип една недела е без директор, откако д-р Ален Георгијев поднесе оставка.

    По оставката, тој рече дека за време неговиот мандат од 2017 досега успеал да ја менаџира целокупната работа на болницата, посебно за време на коронакризата кога била неопходна макотрпна работа за обезбедување терапија за големиот број пациенти, посебно за обезбедувањето на неопходниот кислород.

    „Многу работи во Штипската болница не беа во наша моќ, посебно тоа се однесува за новата Клиничка болница која, како и многу други активности како што се новите вработувања што ние постојано ги баравме, не ни беа прифаќани“ рече хирургот Георгијев кој и натаму останува болницата.

    Од Министерството за здравство не добовме одговор кога ќе биде именуван нов директор на Штипската болница. Миистерството денеска соопшти дека се именувани нови диретори на 14 јавни здравствени установи, но Штипската болница не е на таа листа.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира