ШТИПСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА СО СОЛАРНИ ПАНЕЛИ

    ШТИПСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА СО СОЛАРНИ ПАНЕЛИОсновното училиште „Димитар Влахов“ од Штип ќе произведува струја преку соларни системи. (Фото: СДК.МК)

    Основното училиште „Димитар Влахов“ од Штип изготви проект за производство на енергија преку соларни системи. Проектот се реализира во соработка со Центарот за развој на Источен Плански Регион.

    „Проектот предвидува производство на енергија која ќе ги задоволува училишните потреби, а вишокот Општината ќе го распределува онаму каде ќе оцени дека најмногу има потреба“, вели директорот на училиштето Миле Младеновиќ.

    Тој вели дека уште на почетокот на годината кога се појави пандемијата во училиштето биле инсталирани оптички кабли и компјутерска опрема со која успешно се реализира онлајн наставата.

    Денеска во ова училиште започна да се реновира и училишниот двор. Се планира дворот кој се простира на голема површина целосно хортикуклтурно да се уреди, да се изградат пешачки патеки и целосно да се реконструираат спортските терени. Младеновиќ очекува овие работи околу училишниот двор да се уредат за два месеца, а останатите инвестиции целосно да завршат до почетокот на новата учебна година, кога тој се надева дека учениците ќе ја почнат наставата со физичко присуство.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира