СИЛЕН ВЕТЕР КУТНА ДРВЈА ВО ВЕЛЕС, СЕЛАТА ОД ОПШТИНА ЧАШКА БЕЗ СТРУЈА

    СИЛЕН ВЕТЕР КУТНА ДРВЈА ВО ВЕЛЕС, СЕЛАТА ОД ОПШТИНА ЧАШКА БЕЗ СТРУЈАПаднати дрвја во дворовите на Затворот во на ОУ „Блаже Конески“. (Фото: СДК.МК)

    Силниот ветер кој претпладнето дуваше во Велес и Велешко кутна три дрјва во градот. Паднаа дрвја во дворот на Затворот кај Горно Оризари, во дворот на ОУ „Блаже Конески“ и во близина на касарната. Екипите на ЈКП „Дервен“ веднаш излегле на терен и ги отстраниле дрвјата.

    „Побарана е интервенција за отстранување дрвја кои паднале од јачината на ветерот. Вработени од ‘Паркови и зеленило’ излегоа на терен и во најкус можен рок ги отстранија дрвјата“, велат од „Дервен“.

    Од велешката Служба за итна помош соопштија дека до 15,30 часот никој нема побарано помош поради повреда од паднатите дрва.

    Ветерот претпладнево дуваше во Велешко со брзина од 45 км/ч, додека на моменти ударите имале брзина од 70 км/ч. Од вчера попладне од 17,30 часот, повеќето населени места во Општина Чашка се без електрична енергија, како и селата Ораовец, Раштани, Бузалково во Велешко, .

    „Дел од населените места добиле струја утринава, додека дел уште немаат. Екипи на ЕВН работат електрична енергија да добијат Богомила и Бузалково, каде уште напојувањето е во прекин. До ова дошло поради силниот ветер кој оштетил далноводи“, кажаа од Центарот за управување со кризи од Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира