СИНДИКАЛЦИТЕ НЕ ИЗБРАА ЛИДЕР, КОНГРЕСОТ ПРЕКИНАТ

    СИНДИКАЛЦИТЕ НЕ ИЗБРАА ЛИДЕР, КОНГРЕСОТ ПРЕКИНАТНа вонредниот конгрес денес во Охрид дел од синдикалците бирно реагираа и упатија остри критики до организаторите поради тоа што за претседател на Синдикатот бил предложен само еден кандидат, односно претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Дарко Димовски (Фото:СДК.МК)

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес не успеа да избере претседател.
    На вонредниот конгрес денес во Охрид, дел од синдикалците бурно реагираа и упатија остри критики до организаторите поради тоа што за претседател на Синдикатот бил предложен само еден кандидат, односно претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Дарко Димовски. Конгресот, кој се одржуваше зад затворени врати беше прекинат.
    Сега Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидер на ССМ.
    За претседател на ССМ се кандидираа и Пецо Грујовски, претседател на УПОЗ, како и претседателот на полицискиот синдикат Ацо Антовски, но претседателството на ССМ ги отфрли нивните кандидатури со образложение дека не ги исполниле условите за кандидатура.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира