СИНДИКАТОТ ТВРДИ ДЕКА ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ Е ОСУДЕН ЗА НАПАД СО НОЖ И ПСИХИЧКИ НЕ Е ДОБАР, МИТОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЛАЖАТ

    СИНДИКАТОТ ТВРДИ ДЕКА ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ Е ОСУДЕН ЗА НАПАД СО НОЖ И ПСИХИЧКИ НЕ Е ДОБАР, МИТОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЛАЖАТСпоред ССМ, Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција бидејќи има правосилната пресуда за извршено кривично дело напад на лице со нож нанесувајќи му тешки телесни повреди. (Фото: СДК.МК)

    В. д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски е осуден за напад со нож при што нанел тешки телесни повреди, тврди Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија. Тој денеска на прес-конференција пред претпријатието покажа документ според кој Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција бидејќи има правосилната пресуда за извршено кривично дело напад на лице со нож нанесувајќи му тешки телесни повреди.

    На последната страна на пресудата е и упатното решение каде Митовски се упатува на издржување казна.  Веднаш да си поднесе оставка од морални причини. Ние работниците се плашиме да одиме на работа знаејќи што овој човек направил на друг човек со оружје. Имаме сериозен лекарски извештај кој кажува дека психичката состојба на овој директор не е добра и тој се лечи. Затоа Арсовска и Советот на Град Скопје треба одма да го разрешат“, рече Димовски, кој најави дека утре ќе биде донесена одлука за почеток на штрајк во претпријатието.

    Митовски ги демантира ваквите обвинувања на Димовски, велејќи дека нема пресуда за него, а првиот синдикалец шири лаги оти ѝ се одземени привилегиите на неговата сопруга Лила Димовска кој е вработена во Водовод и канализација“.

    Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии ѝ се одземени и сега не може да се богати семејството Димовски. Парите кои досега ги добивале како плата, отсега ќе мора навистина да ги заработат, а скопјани не се должни да ги плаќаат нивните хирови и незаслужени привилегии“, вели Митовски и најави тужба за Димовски.

    Димовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека жена му не користела мобилен телефон и службено возило, а ако е така нека поведат дисциплинска постапка наместо да ја замајуваат јавноста.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира