СИТЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ДЕНОВИВЕ ВО ВЕЛЕС СЕ ВРАБОТЕНИ ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО, ШТИП

    СИТЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ДЕНОВИВЕ ВО ВЕЛЕС СЕ ВРАБОТЕНИ ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО, ШТИПВо Велес нема кластер од каде се шири заразата со ковид-19, велат од Центарот за јавно здравје; - Инфективното одделение на Велешката болница. (Фото: СДК.МК)

    Изминатите десетина дена сите новорегистрирани позитивни на ковид-19 во Велес се вработени велешани кои работат во град во соседството, покажува статистиката. Истовремено, има постојано голем број оздравени, па активни случаи во Велес денес се 18.

    „Имаме ситуација дека во градот нема кластер од каде се шири заразата. Новите денешни четири случаи се на вработени во Скопје и Штип, претходните денови беа Скопје и Куманово, па повторно вработени во Скопје. Така, состојбата во градот со коронавирусот е под контрола, но имаме случаи од страна“, велат од Центарот за јавно здравје Велес.

    Во градот има повеќе лица кои за потреби за рутински операции биле на контрола за ковид-19, и изненадувачки, иако немале никакви симптом, биле позитивни.  Досега, во Велешко вкупно заразени се 220 лица, оздравени се 189, починати се 13, а активни 18. Од активните случаи 16 се на домашно лекување, а две лица се на Инфективното одделение во Велешката болница.

    „На Инфективното одделение хоспитализирани се 16 лица, од нив 14 се потврдено позитивни, вчера има донесено и еден велешанец. Останатите се лица од Кавадарци, Свети Николе, Штип“, изјави д-р Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на Општа Болница Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари