„СИТЕ СВЕТИИ” ВО ДЕБРЦА, ЕДИНСТВЕН МАНАСТИР НА БАЛКАНОТ ПОСВЕТЕН НА СИТЕ СВЕТИТЕЛИ, НЕКОЛКУ ДЕНА Е БЕЗ ВОДА

    „СИТЕ СВЕТИИ” ВО ДЕБРЦА, ЕДИНСТВЕН МАНАСТИР НА БАЛКАНОТ ПОСВЕТЕН НА СИТЕ СВЕТИТЕЛИ, НЕКОЛКУ ДЕНА Е БЕЗ ВОДАОд манастирот се жалат дека секое лето имаат рестрикции на вода (Фото: Википедија)

    Манастирот „Сите светии” во селото Лешани, Дебрца, единствен на Балканот кој им е посветен на сите светители, неколку дена е без вода, соопштија од манастирот.

    „Веќе неколку дена, и манастирот и жителите се оставени без вода на овие високи температури. Незамисливо е во 21. век, во земја која е индустриски и културно развиена, да се соочуваме со проблем на немање вода. Во летниот период, сите години наназад, па така и оваа, не се известува за рестрикциите на вода што ги воведува Општина Дебрца и согласно тоа, и жителите и манастирот се оставени на милост и немилост на луѓето кои ја контролираат водата”, велат од манастирот.

    Старата црква на манастирот потекнува од 1452 година, кога биле поставени нејзините темели врз постара црква, за која се претпоставува дека потекнува од деветти век. Подоцна, била подигната и нова, поголема црква посветена, исто така, на сите светци.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира