„СКОПСКА“ ЌЕ СТАНЕ И ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА, ПРЕКУ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЌЕ СЕ КУПУВА И ПЛАЌА АВТОБУСКИ БИЛЕТ

    „СКОПСКА“ ЌЕ СТАНЕ И ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА, ПРЕКУ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЌЕ СЕ КУПУВА И ПЛАЌА АВТОБУСКИ БИЛЕТНаместо во билетарниците да се дополнува картичката „Скопска“, сега тоа ќе може да се прави електронски. (Фото: К. Попов)

    Билет за возење во автобусите на ЈСП „Скопје“ ќе може да се купи и електронски преку нова мобилна апликација. Наместо во билетарниците и на другите продажни места да се дополнува картичката „Скопска“, тоа ќе можат да се прави електронски. Со тоа, патниците  билетот во автобусот ќе го плаќаат преку електронскиот паричник на мобилниот телефон.

    Ова се предвидува со изменување и дополнување на Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници кој беше усвоен на седницата на Советот на Град Скопје пред три дена.

    „Може да има повеќе видови електронски картички за еднократна употреба во зависност од видот на возниот документ, односно билетот кој е запишан во меморијата на картичката. Валидација со мобилен телефон може да се врши преку апликација за паметни мобилни телефони издадена од ЈСП ‘Скопје‘, која е интегриран дел и комуницира директно со електронскиот систем за наплата – смарт тикетинг систем“, стои во објаснувањето од Град Скопје.

    Сега во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници билет може да се плати со телефон, но преку мобилните оператори и цената е 40 денари. Со картичката „Скопска“ која може да се наподолни во билетарниците и продажните места, билет за едно возење е 35, со десет возењa 250, за еден ден 120, а за цела недела 500 денари.

    Во автобусите на ЈСП „Скопје“ може да се купи билет за едно возење, а цената е 50 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира