Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во Скопје купи четири нови возила и две приколки со пумпа за отпушување на канализационите мрежи. Возилата се со кипер сандак и нето носивост од 1.000 килограми, со двојна кабина и можност за превоз на 7 вработени.
„Со реализацијата на оваа набавка, претпријатието го обнови возниот парк чија просечна старост на најстарата група возила од овој тип изнесува 25 години. Новите возила ќе овозможат зголемување на мобилноста на вработените во сектор Канализација и пристап до тешко достапни локации“, вели директорот на „Водовод и канализацијa“ Душко Весковски.
Според извештајот на претпријатието, за тригодишното работење изградена е околу 50.000 метри нова водоводна мрежа, 39.309 метри фекална канализација и 20.417 метри атмосферска канализација.