СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ФИЛИП ВТОРИ ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА СО ГОДИНИ СТОИ РАСКОПАН И БЛОКИРАН ОД ПАРКИРАНИ КОЛИ

    СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ФИЛИП ВТОРИ ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА СО ГОДИНИ СТОИ РАСКОПАН И БЛОКИРАН ОД ПАРКИРАНИ КОЛИНа сите страни има и расфрлено ѓубре, а прашина се крева постојано бидејќи коли си влегуваат слободно. (Фото: СДК.МК)

    Поштадот Филип Втори во најстрогот центар на Скопје со години стои раскопан, со дупки, прокопи и паркирани коли. На сите страни има и расфрлено ѓубре, а прашина се крева постојано бидејќи коли си влегуваат слободно.

    Ваквата слика на овој дел од центарот на градот е речиси 10 години, односно откако почнаа градежните работи за реновирање во барок на зградата на Министерството за транспорт и врски. Градежните работи за зградата беа завршени пред неколку години, а од пред пола година и вработените во Министерството се вратија во просториите. Но, на никого не му текнува да го уреди раскопаниот плоштад кој е дел од проектот „Скопје 2014“, а неговата изградба заедно со лиењето на спомениците чинеше околу 6.2 милиони евра.

    На нашето прашање до Министерството за транспрот и врски како не им пречи секој ден да доаѓаат на работа по дупки, прашина и ѓубре и да гледаат паркирани коли среде шеталиште, ни рекоа дека обврска да го уреди просторот е на Општина Центар и Град Скопје.

    Од Градот ни одговорија дека Општина Центар е надлежна за овој простор.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека наскоро ќе се распише тендер за избор на фирма која треба да ги санира сите оштетувања на плоштадот и да го уреди просторот, со што ќе се спречи влегување и паркирање на возила.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира