СКОПСКОТО ХЕМИСКО УЧИЛИШТЕ ЌЕ ДОБИЕ СТАКЛЕНА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА

    СКОПСКОТО ХЕМИСКО УЧИЛИШТЕ ЌЕ ДОБИЕ СТАКЛЕНА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДАФасадата ќе биде модерна, од стакло и алуминиум, составена од алуминиумски композитни панели во боја, со нови челични профили и алуминиумска подконструкција. (Фото: Град Скопје)

    Средното хемиско училиште во Скопје „Марија Кири-Склодовска“ ќе добие нова стаклена и енергетски ефикасна фасада. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска го најави почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата на зградата, изградена во 1969 година.

    „Училиштето по 50 години добива нов лик, квалитетна и енергетски ефикасна фасада која ќе им овозможи на учениците и на вработените подостоинствени услови за учење и за работа. Се работи за нова структурална стаклена фасада со карактеристики на енергетски ефикасна фасада, специфична по визуелниот и естетски стил. Проектирана е модерно, од стакло и алуминиум, составена од алуминиумски композитни панели во боја, со нови челични профили и алуминиумска подконструкција“, рече Шилегов.

    Изградбата на новата фасада ќе чини 44 милиони денари. Лани Град Скопје ги реновираше фасадите на 11 средни училишта кои добија енергетско-ефикасни фасади, а во седум средни училишта, пак, беа направени тоалети за лицата со посебни потреби и беа обележани паркинг-места за лица со посебни потреби.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира