Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека бесплатниот скрининг за коронавирус продолжува и се проширува, па сега ќе бидат опфатени и новинарите и медиумските работници од другите градови во земјава.
„Секој новинар кој е заинтересиран за да направи скрининг, потребно е да ги исконтактира локалните медицински центри или болници од својот град и да договори термин за вршење на контролата. Новинарите и медиумските работници кои ќе сакаат да го направат скринингот со себе треба да носат документ за лична идентификација, како и прес-картичка“, соопшти ЗНМ.
Ж. ЗДРАВКОВСКА