ВРАБОТЕНА ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА ГЕВГЕЛИЈА НЕПРАВОСИЛНО ОСУДЕНА НА ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ОДАВАЊЕ ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ НА АДВОКАТИ

    ВРАБОТЕНА ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА ГЕВГЕЛИЈА НЕПРАВОСИЛНО ОСУДЕНА НА ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ОДАВАЊЕ ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ НА АДВОКАТИОбвинетата во солзи го признала делото, по што судијата од Основниот суд Велес ја прогласи за виновна и ѝ изрече затворска казна. (Фото: СДК.МК)

    Основен суд Велес неправосилно ја осуди Е. С., вработена во гевгелиското Јавно обвинителство, на осум месеци затвор бидејќи соопштувала доверливи податоци од истрагите на адвокати, при што преку Вибер им испраќала и копии од документите. Таа се товареше за кривичното дело одавање службена тајна.

    Таа во солзи го призна делото, по што судијата Шефшет Адеми ја прогласи за виновна и ѝ изрече затворска казна.

    Од средината на 2017 до 23 мај 2018, таа во својството што го имала во Основното јавно обвинителство во Гевгелија во повеќе наврати на тројца адвокати, меѓу нив и нејзиниот сопруг, им соопштувала податоци што претставуваат службена тајна.

    Според обвинението, на службениот компјутер во канцеларијата каде што работела ја инсталирала апликацијата Вибер поврзана со нејзиниот личен телефонски број и преку неа на овие лица им испраќала податоци кои претставуваат службена тајна, како кривични пријави, службени документи, изводи од евиденција, службени документи од Основен суд Гевгелија, но и службени документи од други институции, сите во врска со судски и јавнообвинителски предмети. Во период од речиси една година, таа споделила тајни документи од 13 кривични предмети. Во обвинителниот предлог нема запишано дека вработената во Гевгелиското обвинителство остварила материјална корист од одавањето на службените документи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира